Секулов со голем подарок од Кристијано Роналдо (ФОТО)

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

„Старата дама“ е многу блиску до одбрана на шампионската титула во Серија А, а повторно во центарот на вниманието е Кристијано Роналдо.

Португалецот е една од најголемите ѕвезди на клубот од Торино, а тоа го докажа и на дерби дуелот против Лацио.

После мечот членот на младинската школа на Јувентус, Никола Секулов (18) како подарок го доби дресот на Роналдо.

Секулов кој своевремено ги бранеше боите на У17 македонската репрезентација, а подоцна одлучи да настапува за У17 селекцијата на Италија со која лани освои сребрен медал на ЕП за играчи до 17 години, го искористи моментот за една заедничка фотографија.

фото: инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот