
Седум начини како да одговорите на совет кој не сте го побарале: Спречете ги добронамерните коментари
Во многу случаи добронамерните, несаканите совети можат да создадат конфузија и фрустрација, особено ако одлуката веќе била тешка и предизвикувачка.
Препорачано
Честопати ги надминуваме секојдневните тешкотии и предизвици во животот со помош на пријател, нивна поддршка или совет, но, се случува понекогаш да не ни се допаѓа тоа што имаат да ни го кажат или да не се согласуваме со советот. Затоа несаканиот совет од пријатели или добронамерни познаници може да биде извор на фрустрација. Особено ако се занимаваме со деликатна тема, последното нешто што ни треба е некој однадвор да влее сомнеж и неодлучност во изборот кој ни е предизвик или да ја загрози комуникацијата поради несогласување.
За оние кои сакаат да избегнат жестоки расправии и се срамат да одбијат туѓ совет, предлагаме 7 љубезни начини да одговорите на совети кои не сте ги ни побарале.
1. Признајте ја важноста на различните гледишта
Не мора да прифаќате несакани совети, но сепак можете да признаете колку е важно да слушате различни перспективи за вашите околности, вели психологот Олдрих Чен. „Истакнете ја користа од добивање различни перспективи“, препорачува Чен. Овој одговор се фокусира на вредноста на различните мислења без да укаже на согласност или намера да се следат советите.
2. Дајте им до знаење дека ги истражувате вашите опции
Друг начин да бидете љубезни во вашиот одговор е да покажете дека ќе ја земете предвид нивната перспектива кога ќе донесете одлука – дури и ако навистина не го правите тоа. „Објаснете дека сте во процес на истражување на различни опции“, вели Олдрих Чен. Овој одговор сугерира дека сте отворени за разгледување различни совети, но не подразбира конечна одлука.
Овој метод е особено корисен кога несаканиот совет е придружен со барање за итна одлука. Можете да кажете нешто како „Не сум размислувал за тоа, дозволете ми да размислам уште малку“.
3. Останете љубезни
Несаканиот совет понекогаш може да биде многу фрустрирачки, но да останете учтиви е најдобриот начин да одговорите. Понекогаш е најдобро едноставно да се заблагодарите со љубезен тон кој ја пренесува вашата почит кон нивната перспектива.
4. Имајте смисла за хумор
Ако ви е тешко да покажете благодарност за советот што не сте го побарале, одвојте време да се насмеете. Имањето смисла за хумор сепак може да биде љубезен начин да се одговори. Направете мала шега и оттргнете го разговорот од вашиот проблем како тема.
5. Бидете јасни дека засега сте задоволни со вашата одлука
Ништо не е толку заморно како добивањето предлог за нешто за што веќе сте се одлучиле. Ако е така, можете да бидете јасни за тоа без да бидете груби, вели Чен. „Известете ја личноста дека сте задоволни со вашата моментална одлука и не барате алтернативни предлози“, препорачува тој. „Овој одговор покажува доверба во вашите избори додека останувате љубезни.
6. Насмевнете се во тишина
Понекогаш најљубезниот начин да одговорите на несаканите совети е едноставно да молчите. Наместо тоа, Август Абот, експерт за бонтон, вели дека можете едноставно да се насмевнете во тишина и да кимнете со главата додека непоканети советници го нудат својот придонес.
„Тогаш кога ќе застанат да здивнат – прашајте ги како се нивните деца, внуци, брат, сестра, постара тетка – само натерајте ги да продолжат понатаму“.
7. Кажете им дека дека едноставно не се согласувате.
Иако некои луѓе можеби мислат добро со нивните совети, во ред е да не се согласувате со нив. И ако тие инсистираат да ви дадат насоки, исто така е во ред да им кажете дека вашите перспективи едноставно нема да се усогласат.
„Ако сакате да избегнете понатамошна дискусија, учтиво посочете дека имате различни мислења“, предлага Чен. „Овој одговор помага да се постават граници, а истовремено да се почитува“.