Седум мигранти мртви во сообраќајка во близина на унгарско-српската граница

Унгарска полиција/ Фото EPA-EFE/Zoltan Mathe HUNGARY OUT

Вкупно седум лица загинаа, а четворица се повредени, меѓу кои и возачот, кога возило со српски регистарски таблички, во кое имало мигранти, удрило во куќа во Унгарија.

Несреќата се случила откако возачот одбил да застане за полициска контрола во Морахалом во близина на границата со Србија, соопшти денеска унгарската полиција.

Како што е соопштено, несреќата се случила вчера околу 23.40 часот во внатрешноста на Морахалом. На сајтот на унгарската полиција се појавија првите фотографии од местото на несреќата. На нив се гледа како полицијата врши увид, како и возилото кое е речиси целосно уништено.

Комбето со 10 мигранти се движело во правец на Сегедин, а кога полицијата се обидела да го запре, возачот ја зголемил брзината, удрило во куќата и се превртело.

Возилото удрило во влез на цвеќарница, а од судирот се скршило и поголемо парче од ѕидот. Возилото застанало на околу 20 метри од местото на несреќата. Задниот дел од возилото е скршен, додека предниот е расфрлан по магистралниот главниот пат.

Возачот е уапсен и против него ќе биде поведена постапка за трговија со луѓе и предизвикување тешка сообраќајна несреќа.

Трговијата со луѓе се казнува со затвор од една до пет години во стандарден случај и од пет до 15 години во квалификуван случај. Организаторот или сторителот на делото може да се казни со затвор од десет до дваесет години, пренесува police.hu.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот