Се запали и изгоре возило во движење на патот Тетово-Јажинце, нема повредени

Фото: Илустрација

Вечерва на регионалниот пат Тетово – Јажинце кај селото Одри се запали и изгоре возило во движење пришто, за среќа, нема повредени лица.

– Нема повредени меѓу патниците и меѓу пожарникарите. Ние бевме со едно возило и четворица пожарникари. Во овој случај беше добро што успеавме да го локализираме огнот и на тој начин не се прошири. Далечината од над 20 километри беше најголема пречка за евентуална побрза интервенција. Затоа е потребно она што апелираме во руралните општини да има барем пожарникарски единици за брза и почетна интервенција, информира Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.

Според тетовската пожарникарска единица оган го зафатило возилото околу 18 часот и 30 минути кога добиле пријава по телефон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот