Се смирија вечните непријатели: Макрон и Ердоган си пружија рака
Иако американскиот претседател Џо Бајден беше во центар на внимание на самитот на НАТО изминатиот месец, во позадина се случил вистинска театарска претстава. Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган не биле во добри односи, иако за време на состанокот се однесувале нормално.
На состанокот во Брисел, тие се договориле за прекинување на „усните навреди“, а како што опиша францускиот Министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан, сега е периодот на поправање на нивниот однос.
Расправиите на Макрон и Ердоган произлегуваат од личното непријателство исто колку и од геополитичките пресметки. Турскиот лидер повеќе пати отворено зборуваше за менталното здравје на својот француски колега, а Макрон него го обвинуваше дека лаже и дека не покажува почит кон Франција.
Тогаш како дојде до нивно смирување?
Не станува збор ни за некаква заедничка трагедија, ни за некој заеднички пријател, пренесува Блумберг.
Најлогичното објаснување е промената на луѓето на врвот. Со доаѓањето на сцена на Бајден и заминувањето на Меркел, значи дека Макрон и Ердоган мораат да го прекинат своето непријателство.
Улогата на Ердоган е веќе намалена. Турскиот лидер веќе не ужива директен пристап до Белата куќа кој го имаше додека беше претседател Доналд Трамп. Бајден изјави дека нема да му подлегне на провокациите на Ердоган кога се во прашање Америка и Западот, како што тоа го направил неговиот претходник.
Но, на Ердоган повеќе ќе му недостасува Меркел отколку Трамп. Канцеларката се чини дека е единствениот лидер кој Ердоган го почитува. Тој секогаш можел да се потпре на неа, кога станува збор за одговорите на турските провокации од страна на европските сојузници.
На францускиот лидер пак, ќе му биде мило што Бајден има исто мислење како него. Но, тој фрли око на европскиот трон, кој ќе остане празен откако Меркел ќе се повлече. Сепак ова не го решава конфликтот на интереси меѓу Франција и Турција, од Северна Африка и Сахел, преку источниот Медитеран до Кавказ.
Останува да видиме колку ќе издржи овој мирен однос на двата европски лидери.