Се самоуби сопругата на познатиот продуцент на филмот „Убијци на Цветната месечина“: Скокна од хотел во Лос Анџелес

Фото: Eric Charbonneau / Shutterstock Editorial / Profimedia

Изабел Томас, сопругата на холивудскиот продуцент Бредли Томас, изврши самоубиство, потврдиjа од официјалните лица во Лос Анџелес. На 29 јануари таа си го одземала животот, скокајќи од хотелот „Анџелено“. Имаше само 39 години.

Полицијата во Лос Анџелес за „Дејли мејл“ изјави дека одговорила на повикот за мртва жена пронајдена во хотелски базен. Смртта настапила по повеќекратните трауматски повреди предизвикани од падот.

Најпрво сведоците рекоа дека мислеле дека таа скокнала од покривот, но „ТМЗ“ пишува дека истражителите утврдиле дека Изабел скокнала од терасата на еден од повисоките катови. Медиумите јавуваат дека не е пронајдено проштално писмо, но полицијата не ја потврди оваа информација.

Бредли Томас, кој е еден од продуцентите на „Убијците на Цветната месечина“, кој неодамна доби 10 номинации за Оскар, е во брак со Изабел од 2018 година, а двојката има две мали деца.

Тие беа фотографирани заедно на забавата на БАФТА пред само две недели, а Изабел беше целата насмеана и немаше навестување за неволја.

Бредли долги години е продуцент на голем број големи филмски наслови како „Глупав и глупав“, „Има нешто кај Мери“, „Сите пари на светот“, „Триаголник на тагата“ и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот