Се РАЗВЕДОА бившиот малезиски крал и руската убавица поради нејзиниот СЕКС ВО БАЗЕНОТ (ВИДЕО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Се РАЗВЕДОА бившиот малезиски крал и руската убавица поради нејзиниот СЕКС ВО БАЗЕНОТ (ВИДЕО)

Султанот Мухамед се развел од Риана Оксана Воеводина само неколку недели по раѓањето на нивниот син.

Бившиот крал на Малезија се развел од својата сопруга, руската мисица, само неколку недели по раѓањето на нивниот син, пренесуваат светските медиуми.

Изненадувачката венчавка меѓу султанот Мухамед од Келантан (50) и поранешната мис на Москва Риана Оксана Воеводина (27) ги остави вчудоневидени жителите на Малезија.

Instagram

Парот се венчал на 7 јуни минатата година на муслиманска церемонија која била тајна. Нивната врска излегла на виделина кога одржале раскошна венчавка во московската концертна сала.

Меѓутоа, сега потврдата за разводот укажува на тоа дека поранешниот крал, по објавувањето на снимката од сексот на неговата сопруга во базен во телевизиска емисија, конечно ја прекинал врската.

Разводот е регистриран на 1 јули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close