Се разгоруваат тензиите на Косово, полицијата распоредена на Јариње и не дозволува влез во земјата

војници КФОР EPA-EFE/STRINGER

Продолжуваат тензиите на Косово, откако припадниците на косовската полиција се распоредени на административниот премин Јариње, па во овие часови не дозволуваат сообраќај на возила.

Според дел од регионалните медиуми премин им е забранет и на пешаци. Ваквата интервенција следува откако српските граѓани кои живеат во овој дел од земјата поставија блокади на дел од пристапите кон овој премин како одговор на денешното апсење на Дејан Пантиќ, поранешен припадник на косовската полиција.

Косовската полиција соопшти дека затворањето на преминот е поради безбедносни причини и ги повика граѓаните за сообраќај да користат други гранични премини.

Од таму ги повикаа граѓаните да не потпаѓаат на повици или евентуални провокации од криминални лица или групи, туку да соработуваат со косовската полиција, која ќе продолжи да се залага за безбедноста на сите граѓани без разлика, со изведување на осомничените лица пред лицето на правдата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот