Божиќни подароци / Фото: Pexels/Thirdman

Сè поради една мачка: Необичната причина зошто обичните чорапи станаа божиќен подарок во Исланд

Легендата за мачка која не се грижи за глувците, туку за децата кои шетаат во стара облека, станала толку жива што властите во 18. век ги предупредиле жителите да престанат да се плашат меѓусебно со страшната приказна…

Покрај добриот Дедо Мраз, кој за време на празниците им носи подароци на децата, во божиќните народни приказни постојат и некои не толку добронамерни ликови. На пример, една од најпознатите приказни во Исланд е онаа за морничавата Јолакатурин („Jólakötturinn“) или божиќната мачка-убиец, пишува „Пун куфер“.

Според народната приказна, џиновската мачка со светли очи, остри заби и канџи огладнува непосредно пред Божиќ, кога ноќе шета по улиците, ѕирка низ прозорците и ги лови децата кои не добиле нова облека. Приказната за Јолакатурин, веројатно, потекнува од мрачниот среден век, а улогата на божиќната мачка била да придонесе за доброто однесување на децата. Според исландската традиција, секој што ќе ги заврши своите задолженија пред Божиќ ќе добие нова облека како награда. Од друга страна, пак, мрзливите деца кои не ја завршиле својата работа, ќе морале да се соочат со Јолакатурин.

Фото: Pexels/Thirdman

Легендата за мачката која не се грижи за глувците, туку за децата кои шетаат во стара облека станала толку популарна што властите во 18. век ги предупредиле жителите да престанат да се плашат меѓусебно со страшната приказна. Но, шансите да видите џиновска мачка на Исланд се многу мали, бидејќи таквите видови не живеат таму.

Денес, децата не се плашат од џиновската мачка, но традицијата да се даваат чорапи за Божиќ е сѐ уште „жива“. За секој случај, ако мачката навистина се појави. И додека за повеќето луѓе во нашиот регион еден пар чорапи не е подарок што ќе ги натера да скокаат од радост, на северот од Европа чорапите симболизираат љубов и пријателство. На Исланд чорапите за Божиќ значат „Се грижам за тебе“, а не „Не можев да смислам ништо подобро“.

ФОТО+ВИДЕО | Најголемата статуа на Дедо Мраз во светот: Украсена е со дури 250 илјади светилки, висока е колку седумкатница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот