Се огласија сирени во населените места на Голанската висорамнина

izraelska armija/ Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Сирените за тревога се огласија во населените места на Голанската висорамнина, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Како што наведуваат, истражуваат дали се работи за напад од Сирија, пишува Тајмс оф Израел.

Голанската висорамнина е регион на Блискиот Исток кој зазема околу 1800 квадратни километри и сега е под контрола на Израел, како директна последица од шестдневната војна, а претходно бил под сириска контрола. ООН го смета регионот за „окупиран“ од страна на Израел, и „интегрален дел на Сирија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот