
Се огласи Франсија Раиса: Пред осум години ѝ донираше бубрег на Селена Гомез, а сега не била поканета на свадбата
Франсија Раиса, актерката која ѝ донираше бубрег на Селена Гомез и ѝ го спаси животот, одлучи да го прекине молчењето и да се осврне на гласините за нивната наводна караница, објавува „Дејли мејл“. Во ново интервју, 37-годишната актерка ги отфрли шпекулациите за караница со Гомез, нарекувајќи ги „гласини“.
Препорачано
Раиса се осврна и на свадбата на Селена Гомез и Бени Бланко, на која очигледно не присуствуваше. Меѓу многуте познати гости беа Тејлор Свифт, колегите Стив Мартин и Мартин Шорт, Зои Салдања, сестрите Парис и Ники Хилтон и Ед Ширан.
Раиса, во интервју снимено пред свадбата на Гомез и Бланка , ѝ ги испрати своите најдобри желби на својата пријателка на шпански. „Знам дека се мажи и многу сум среќна за неа. И гледајте… таа има свој живот и веќе е милијардерка, и благодарна сум што можев да го направам тоа за неа“, рече таа.
Кога ја прашале што би им рекла на оние кои размислуваат за донирање органи, Раиса нагласила дека целта е да се спаси нечиј живот, а не нужно да се создаде нераскинлива врска со примателот. „Видете, од самиот почеток лекарите ми кажаа дека тоа е донација“, објаснила таа.
View this post on Instagram
„Ако ќе донирате еден долар, нема да се јавите подоцна и да прашате: Еј, што правите со мојот долар? Тоа е донација и е нешто убаво што можев да го направам. Благодарна сум што сум жива и што можам да кажам дека спасив живот“, заклучува таа.
Актерката имаше остар одговор кога беше прашана за гласините дека е лута на Гомез поради нејзиниот начин на живот по трансплантацијата . „Па, токму сега ме прашувате за глупостите што се шират во медиумите. Има премногу гласини“, одговори таа.
„Никогаш не реков ништо. Кога се појави гласината дека сум се налутила или нешто слично затоа што Гомез пушела, не бев свесна за тие гласини. Никој не знае што се случува, а ниту таа ниту јас не зборуваме за тоа“, продолжи таа, додавајќи: „Еден ден, можеби ќе го решиме тоа.“
Раиса ѝ донираше бубрег на Гомез во 2017 година откако на пејачката ѝ беше дијагностициран лупус, автоимуна болест која може да ги нападне здравите органи.