Се огласи ЦУК: Машиновозачот спречил поголем пожар, локомотивата ја гаснеле со ПП-апарати

Фото: ЦУК

Центарот за управување со кризи издаде соопштение околу пожарот кој проголта локомотива на пругата пред влезот во Велес попладнево. Од ЦУК информираат дека

„Добиено е известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица „Рајко Жинзифов“ и Велес се запалила локомотива од товарен воз, и притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот. Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со ПП возило таа била гасена со противпожарни пп апарати. Според последната информација во ЦУК, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но според известувањето од МЖ, гаснењето е при крај“, велат од ЦУК.

Се очекува комисија од МЖ да излезе и да изврши увид на лице место, а железничкиот сообраќај и натаму е во прекин. Според известувањето до МЖ, увидот треба набрргу да заврши, по што ќе се нормализира сообраќајот на пругата.

Се запали локомотива пред влезот на железничката станица во Велес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот