Се намалува подршката за бугарскиот претседател Радев

Румен Радев, претседател на Бугарија /Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Резултатите од анкетата на агенцијата Маркет Линкс и на БТВ првпат покажуваат намалување на поддршката за претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Според најновата анкета Радев има поддршка од 40 отсто, а 41 процент од испитаниците изразиле недоверба.

Анкетата покажува дека на новите парламентарни избори би победиле шест партии, а „Бугарски подем” може да испадне од сегашната конфигурација.

Според резултатите во случај на нови парламентарни избори во бугарското Народно собрание би влегле само шест партии: ГЕРБ – СДС со 22,6 отсто, потоа Продолжуваме со промената 16,2, Движењето за права и слободи. 12,2, Преродба со 10, БСП 9,6 и Демократска Бугарија 8,3 проценти.

Партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев Бугарски подем може да добие гласови од 2,6 отсто и со овие резултати би останала под прагот од четири отсто за влез во Парламентот. Исто така Има таков народ на нови избори би добил 2,2 отсто од гласовите.

Анкетата беше спроведена во периодот од 10 до 20 декември со помош на методите на директно лично интервју и онлајн анкета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот