Се бара не само повлекување, туку и запирање на процедурата за солидарниот данок

Владата го послуша гласот на бизнисот и во средата ги повлекла законите за ДДВ, за добивка и за солидарен данок, но со тоа е задоволен само првиот дел од барањето на СКСМ, од каде бараат сосема да биде запрена целата натамошна процедура додека не се дојде до најдобро решение

Стопанската комора на Македонија сака да ги пресретне идните чекори на Владата и да не се дозволи Законот за солидарен данок да биде донесен по скратена постапка и со европско знаменце. Владата го послуша гласот на бизнисот и во средата ги повлекла законите за ДДВ, за добивка и за солидарен данок, но со тоа е задоволен само првиот дел од барањето на СКСМ и затоа претседателот Бранко Азески апелира сосема да биде запрена натамошната процедура и во заеднички консултациите со бизнис заедницата да се дојде до најдоброто решение.

-Ние не можеме да штрајкуваме. Нудиме дијалог за кој веруваме дека Владата ќе има слух – одговори Азески на новинарско прашање што ако сепак законот биде донесен. Ад-хок носењето на ваков данок, во втората половина на деловната година, создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори, дециден е Зоран Јовановски, потпретседател на СКСМ. Според Клубот 100, „јасна е намерата на Владата дека овој закон сака да го протне со европско знаме, кој ќе нанесе поголема штета, одошто добро“.

-Законот е селективен и се однесува само на компаниите кои остваруват приход поголем од 615 милиони денари (10 милиони евра), се врши оданчување на добивката независно дали таа е резултат на пазарните услови или е резултат на зголемени инвестиции и продуктивност, а тоа ги дестимулира успешните компании – посочи Јовановски.

Според Извршниот директор Антони Пешев, бизнисот не слушнал никакво образложение дека некоја фирма ја нарушила монополската позиција на пазарот за да се оданочува „солидарно“.

-Најголемиот дел од комапниите кои ќе бидат погодени од законот се странски и за нив тој е неразбирлив, непредвидлив и ненајавено ретроактивен. Тоа ви е исто како да играте натпревар во во првото полувреме владеат, едни, а во другото полувреме сосема други правила – пластично објасни Пешев. Според него постои уште една дилема без одговор – ако законот има социјална димензија, каде е програмата според која ќе се распределуваат и трошат собраните пари?

Владата пресмета дека од овој данок ќе собере 90 милиони евра од околу 200 компании кои оствариле вкупен приход од над 10 милиони евра и чиј профит е поголем од 20 отсто во однос на четиригодишниот просек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот