СДСМ: Мицкоски под заложништво на проруската Левица шири лажни вести и води хајка против Бехтел

Додека СДСМ реализира стратешки проекти во инфраструктурата, Мицкоски води хајка против Бехтел, а неговите градоначалници ги задолжуваат општините, реагираа преку партиско соопштение од СДСМ на изјавата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ кој денеска рече дека до 30 април државата за коридорите треба да плати само за пенали околу 230 милиони евра, а веќе се исплатени 117 милиони евра.

Подолу е целото соопштение на СДСМ.

„Додека СДСМ по 30 години чекање, ги гради делниците од коридорите 8 и 10Д, Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица секојдневно шири лажни вести. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ водат хајка против реномираната американска компанија Бехтел, противејќи се на најголемата инфраструктурна инвестиција вредна 1,3 милијарди евра. Зошто на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи што конечно ќе се реализира Коридорот 8, зошто им пречи што над 600 милиони евра ќе завршат кај домашните компании и на крајот, чиј монопол штитат тие со противењето македонската економија покрај пристаништето во Солун, да добие алтернативи во пристаништата во Драч и Бургас?И додека јавноста чека одговори, додека хајката од Белата палата не стивнува, градоначалниците на Мицкоски ги уназадуваат и задолжуваат општините. Зголемени долгови, партиски вработувања и задолжување на граѓаните, раце во мед за тендери и провизии, тоа е се што знаат и умеат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, стои во соопштението на СДСМ.

Исплатен ни е првиот трансфер за изградбата на коридорите, велат од ЈПДП, Мицковски со реакција „ Немаат ни шајка заковано“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот