СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа приговорите за гласањето во вториот изборен круг

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа приговорите што ги поднесоа за изборните резултати во вториот круг, потврдуваат од ДИК за МИА.

СДСМ имаше поднесено седум приговори кои се однесуваа на две избирачки места во Шуто Оризари, едно избирачко место во Конче, три избирачки места во Кочани и едно избирачко место во Чешиново-Облешево, а ВМРО-ДПМНЕ имаше еден приговор за избирачко место во Пробиштип.

Според најавите, утре се очекува ДИК да одлучува по останатите 15 приговори поднесени од ДУИ, ТМРО и Група избирачи Енвер Пајазити.

ДУИ има поднесено пет приговори од кои три се за избирачки места во Студеничани и два за избирачки места во Желино. Политичката партија ТМРО има поднесено седум приговори, сите за општина Старо Нагоричане, а приговорите на групата избирачи Енвер Пајази се однесуваат на три избирачки места во Брвеница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот