Роберто Орчи и Адел Хедер Тејлор - Фото: Joshua Blanchard / Getty images / Profimedia

Сценаристот на „Ѕвездени патеки“ обвинет за физичко и сексуално злоставување: Ја тепал и силувал сопругата

Роберто Орчи, сценаристот на „Ѕвездени патеки“ и „Трансформери“, е обвинет дека постојано ја тепал и сексуално ја злоставувал својата сопруга.

Актерката Адел Хедер Тејлор во тужбата тврди дека нејзиниот сопруг Роберто бил биполарен, алкохоличар и често бил лут, објави „Холивуд Репортер“.

Таа наведува дека тој ја нарекувал кучка, ја влечел низ куќата и ја тепал оставајќи ѝ модринки по целото тело. Наведува и дека во мај 2022 година, тој ја бркал во градината и ја „приковал“ на земја, заканувајќи ѝ се дека ќе ја силува. Тврди дека тој сексуално ја нападнал во градината следниот месец, велејќи ѝ дека „ужива во силувањето“.

Тејлор исто така тврди дека Роберто Орчи повикал полиција во април 2020 година, откако се обидела да се пресмета со него, и дека потоа била уапсена поради семејно насилство.

Според тужбата, тој ја извадил од притвор.

Адел Хедер Тејлор го напушти Роберто Орчи по уште еден напад во декември 2022 година. Тогаш Адел Тејлор направила аудиоснимка на која нејзиниот сопруг се заканува дека ќе ја претепа и ќе ја избрка.
По тој инцидент тој поднел забрана за приближување и развод.

Адвокатот на Роберт Орчи ги отфрли сите обвинувања.

„Мојот клиент ги негира обвинувањата и со нетрпение очекува судски спор пред соодветниот суд“, рече адвокатот, а пренесуваат странските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот