Саудиска Арабија ја намалува цената на суровата нафта

Енергетскиот гигант „Saudi Aramco“ ја намали цената на својата нафта „Arab Light“ за Азија за два долари за барел. Ова е поголемо намалување отколку што очекуваа многумина во индустријата и најголемо намалување на цената во последните 13 месеци, наведува „Гардијан“, додавајќи дека ја намали февруарската официјална продажна цена на сурова нафта од Саудиска Арабија на најниско ниво во последните 27 месеци.

Арамко, исто така, ги намали сите цени за испорака во февруари во северозападна Европа, Медитеранот и Северна Америка.

Овој потег, според британскиот весник, укажува дека стравот од забавување на економиите и, следствено, намалување на побарувачката е поголем од геополитичката загриженост и нервозата за синџирите на снабдување поради тензиите во Црвеното Море.

Оваа вест ја „собори“ нафтата од типот „брент“, за 1,2 отсто на почетокот на неделата на 77,80 долари за барел.

На крајот на минатата година Саудиска Арабија ја предводеше одлуката на групата ОПЕК + да направи доброволно намалување на производството, со цел да се спречи акумулација на непродадена нафта, пренесува RT Balkan.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот