Сасоли: Ќе бидат надминати забелешките за Македонија и Албанија

На прес конференцијата, Сасоли изјави дека после разгледувањето на методологијата за проширување, ќе бидат надминати забелешките за Македонија и Албанија.

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, денеска во Тирана се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама.

На прес конференцијата, Сасоли изјави дека после разгледувањето на методологијата за проширување, ќе бидат надминати забелешките за Македонија и Албанија.

-Ние знаеме дека позицијата на неколку влади беше дека треба да се разгледа методологијата за интеграција. Ние сме убедени дека пакетот треба да се движи истовремено за Албанија и Северна Македонија. Убедени сме дека после ревидирањето на некои механизми од методологијата, сите забелешки ќе бидат надминати-изјави Сасоли.

Зборувајќи за последните реформи имплементирани во Албанија, Сасоли, рече дека тие се од голема важност, бидејќи се работи за реформи во борба против организираниот криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот