Саркози не оди во затвор, една година ќе носи електронска нараквица

Никола Саркози / фото: ЕПА

Жалбата на поранешниот француски претседател Никола Саркози против пресудата од 2021 година за корупција и трговија со влијание денеска беше отфрлена во Апелациониот суд во Париз. Судот ја потврди тригодишната затворска казна, објави Ројтерс.

Во пресудата беше наведено дека две години се суспендирани и дека Саркози наместо да оди во затвор една година, ќе носи електронска нараквица. Саркози пристигна во судот во темно сив костум и изгледаше нервозно.

Тој се поздравуваше со своите адвокати и повремено се смешкаше додека седеше на своето место пред да започне рочиштето.

Во 2021 година, понискиот суд го прогласи Саркози за виновен за обид за поткуп на судија по напуштањето на функцијата и за тргување со влијание во замена за доверливи информации за истрагата за финансиите на неговата кампања во 2007 година. Саркози (68), кој беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година, негира дека е виновен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот