Санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

Подигање неправилно паркирано возило / Фото: ЈП „Градски паркинг“

 Во период од 28 јуни до 7 јули, на територијата на општина Центар, санкционирани се 135 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Со помош на специјалните возила „Пајак” на ЈП Паркинзи на Општина Центар отстранети се 81 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор” санкционирани се 54 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информира ЈП ПОЦ.

ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно паркирани возила на територија на општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот