Санкционирани 132 возачи во Скопје, возеле пијани, без дозвола и со голема брзина

Aкциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При сообраќајни контроли од страна на СВР Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола.

Како што соопшти МВР, 11 возачи се санкционирани за возење под дејство на алкохол.

МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира на почитување на сообраќајните правила и прописи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот