Шпанската Влада првпат назначи жена на чело на разузнавачките служби.

– Директор на Националниот центар за разузнавање ќе биде досегашната вршителка на должност директор на Центарот, Пас Естебан Лопес, се наведува во соопштението на Владата на шпанскиот премиер Педро Санчес.

Нејзиниот избор се совпаѓа со политиката на Владата за родова еднаквост, односно именување на жени на високи државни функции.

Пас Естебан Лопес

Лопес, која завршила филозофија, е првата жена во историјата на шпанската демократија која ја презеде таа одговорност, се истакнува во соопштението.

Минатиот месец, исто така, жена беше назначена да ја предводи шпанската Цивилна гарда – воената полиција.

Шпанскиот премиер Санчез го вметна феминизмот како еден од столбовите во функционирањето на неговата Влада, која е составена од еднаков број жени и мажи.