Самопрогласената република Нагорно-Карабах официјално укината

Мапа на Нагорно Карабах / Фото: Iryna Volina / Alamy / Alamy / Profimedia

Самопрогласената сепаратистичка република Нагорно-Карабах во четвртокот објави самораспуштање и распуштање на сите свои институции,  од 1 јануари 2024 година.

Указот на водачот на таа енклава, Самвел Шахрамањан, објавува распуштање на „сите владини институции и организации… на 1 јануари 2024 година“, и наведува дека  и официјално „Република Нагорно-Карабах (Арцах) престанува да постои“.

нагорно карабах уапсен лидер

За време на СССР, Нагорно-Карабах беше прогласен за автономен регион во рамките на Азербејџан.

По распадот на Советскиот Сојуз, Ерменците по насилен пат ја соборија азербејџанска контрола и ја окупираа соседната територија во Првата таканаречената „Прва Нагорно- Карабашка војна.

Фото: EPA-EFE/HAYK BAGHDASARYAN / PHOTOLURE MANDATORY CREDIT

Во периодот од 1988 до 1994 година, речиси 30.000 луѓе беа убиени, а повеќе од еден милион,главно Азербејџанци, беа раселени

По воената победа на Азербејџан минатата недела, ерменското население започна егзодус: речиси 65.000 луѓе од речиси 120.000 население избегаа за неколку дена, поради страв дека ќе бидат цел на азербејџанска репресија, и покрај ветувањата на Баку дека ќе ги почитува нивните права.

Нагорно Карабах / Фото: Tofik BABAYEV / AFP / Profimedia

Ерменскиот премиер Никола Пашинјан денеска изјави дека веќе нема да има Ерменци во Нагорно Карабах.

Во својот указ за распуштање на самопрогласената република, сепаратистичкиот водач Шахрамањан нагласи дека, откако ќе се знаат условите за враќање на регионот под контрола на Азербејџан, жителите и бегалците ќе можат „индивидуално да одлучат дали ќе се вратат во Нагорно-Карабах“, или пак ќе останат во матичнната држава Ерменија.

Фото: EPA-EFE/LUSI SARGSYAN

Азербејџан покрена неколку кривични постапки против Рубен Вардањан, поранешен шеф на владата на отцепениот регион.

Вардањан, кој беше уапсен во средата, е обвинет за илегално преминување на азербејџанската граница и финансирање тероризам, поради што во моментов е ставен во истражен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот