Само шест проценти од Русите се имуни на Kовид-19

Ковид вакцина/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Само шест проценти од Русите во моментов имаат имунитет на коронавирусот, изјави Александар Горелов, заменик-директор на Рускиот централен институт за истражување и епидемиологија и член на Руската академија на науките.

Од почетокот на епидемијата, во Русија се заразиле околу 4,2 милиони луѓе, плус 20 до 30 проценти од оние кои немале никакви симптоми, па затоа не им била потребна медицинска помош и не биле тестирани, а досега околу четири милиони граѓани се вакцинирани, рече Горелов за неделното издание на „Росискаја газета”.

Според научникот, тоа значи дека сега осум до девет милиони луѓе се заштитени од коронавирусот, а кај население од 146 милиони жители тоа изнесува 5,7 до шест проценти.

Тој уште еднаш потсети дека ширењето на инфекцијата ќе биде ограничено само кога 60 до 70 проценти од популацијата ќе биде имуна на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот