САМО КАЈ НАС: Приватна болница се рекламира во амбулантите на Здравствен дом „Скопје“

Во просториите на поликлиниките на Здравствен дом „Скопје“ закачени се рекламни паноа на приватната болница „Систина“.

– На одделот за рентгенологија во поликлиниката „Букурешт“ се закачени рекламни паноа за дијагностика и третман на приватната болница. Што сакаат да ни кажат, ако не сакаме да чекаме тука ред и резултати со часови, тогаш да одиме во приватните болници? Дали во приватните болници има информација за тоа кои услуги може да ги добиеме во јавното здравство? – реагираат пациенти.

Директорот на Здравствен дом „Скопје“ Злате Мехмедовиќ, вели дека просторот во поликлниките каде може да се истакнуваат реклами е даден под концесија на приватна фирма и таа склучува договори за рекламирање.

– Точно се знае каде може овие паноа да се закачуваат и во која димензија треба да се – вели тој.

Здравствениот дом добива месечна кирија за изнајмување на просторот. Мехмедовиќ  истакна дека за  износот на надоместокот дополнително, како и за името на фирмата-концесионер, дополнително ќе ја информира јавноста.

Ќе биде преиспитано и дали рекламирањето во амбулантите е дел од договорот

– Она што за нас е важно дека услугите кои се рекламираат на паноата не се даваат во поликлиниките, така што тука пациентите добиваат информација за други услуги. Ова постоело и порано, и вакви реклами има и во другите јавни здравствени уставони. Ова е слично како она што е со рекламирање на некои препарати кои помагаат во лекувањето, но не се лекови – вели Мехмедовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот