САД со нов црн рекорд: Преку 142.000 новозаразени со ковид-19 во еден ден

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Соединетите Американски Држави продолжуваат да бележат рекорди во пандемијата на ковид-19, откако во последните 24 часа се регистрирани 142.279 нови случаи на вирусот што е најголема бројка на дневно ниво од нејзиниот почеток.

Британските медиуми наведуваат дека САД осми ден по ред пријавуваат над 100.000 нови инфекции. Бројот на хоспитализирани пациенти, исто така, расте од ден на ден и синоќа имало 64.939, што, исто така, е највисока бројка од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа во САД починаа 1.464 пациенти како последица на ковид-19. Од почетокот на пандемијата, САД пријави вкупно 10,4 милиони заразени лица и 242.000 сметни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот