САД распоредуваат втор носач на авиони во Медитеранот пред офанзивата на Израел врз Газа

Лојд Остин
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин / Фото: Архива

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин соопшти дека САД ќе распоредат втор носач на авиони во Медитеранот, со цел да се спречи да ескалира војната меѓу Израел и Хамас во пошироки рамки, објави Гардијан. Ова доаѓа во пресрет на најавената офанзива на израелската војска ИДФ на појасот Газа.

Според Остин, присуството на носачот на авиони „Ајзенхауер“ и неговите воени бродови во источниот дел на Медитеранот е сигнал за жестоката посветеност на Вашингтон за безбедноста на Израел и решеноста на САД да го одврати секој државен или недржавен актер кој сака оваа војна да добие ескалација.

Претходно неделава во источниот Медитеран беше распореден и носачот „Џералд Форд“ во обид на САД да ги обесхрабрат непријателските дејства кон Израел или било какви обиди да се прошири војната меѓу Хамас и Израел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот