САД: Нема да се ограничиме на организации на кои влијаат корумпираната СЗО и Кина во развојот на Ковид вакцина

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Белата куќа се спротивстави на загриженоста на Светската здравствена организација (СЗО), откако американски лекар истакна дека вакцината против коронавирусот може да добие дозвола пред да мине низ целиот процес на клинички испитувања.

– САД ќе продолжат да ги ангажираат нашите меѓународни партнери за да обезбедат победа над вирусот, но нема да бидеме ограничени на мултилатерални организации на кои влијаат корумпираната СЗО и Кина, се вели во соопштение на портпаролот на Белата куќа, Џуд Дир.

Дир рече дека претседателот нема да штеди на трошоци со цел која било нова вакцина против коронавирусот да ги исполнува стандардите на американската Управа за храна и лекови во однос на нејзината безбедност и ефикасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот