САД ќе одвои 8,3 милијарди долари за борба со новиот коронавирус

Сенатот вчера го одобри предлог законот со образложение дека брзото ширење на епидемијата е закана да го загрози секојдневниот живот во САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша денеска законски акт за издвојување 8,3 милијарди долари за борба против новиот коронавирус.

Средствата ќе бидат доставени до федерални здравствени служби за набавка на вакцини, тестови за медицински средства како и за помош на федерални држави и локални власти подготвено да дочекаат закани за ширење на вирусот.

Сенатот вчера го одобри предлог законот со образложение дека брзото ширење на епидемијата е закана да го загрози секојдневниот живот во САД. Тоа е за трипати повисока сума одобрена пред 10 денови од Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот