Сабаленка со голем пресврт закажа финале на УС Опен против Кого Гоф

Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Арина Сабаленка и Коко Гоф ќе играат во финалето на УС Опен откако славеа во полуфиналните средби.

Посебно внимание привлече мечот на Белорусинката која со голем пресврт дојде до победа над Медисон Кис.

Во првиот сет Кис издоминира со 6:0, а во вториот сет водеше со 5:3 и беше на чекор од пласман во финалето. Но тогаш, Сабаленка како да се разбуди и заигра многу подобро. Се врати во сетот и го однесе мечот во тај-брејк кој го доби со 7:1 за изедначување на 1:1.

Се играше тај-брејк и во третиот решавачки сет, тој и припадна на Сабаленка со 10:5 со што стигна до голема победа од 2:1 и пласман во финалето.

Во второто полуфинале Коко Гоф со 2:0 во сетови беше подобра од Мучова 6:4, 7:5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот