фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Сабаленка против Гоф за титулата во Мадрид

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во финалето на турнирот од серијата 1.000 во Мадрид, Шпанија, победувајќи ја Елина Свитолина.

Сабаленка вечерва ја победи Свитолина со 2:0 во сетови 6:3 и 7:5. Белорусинката, тенисерка број еден во светот, се пласираше во своето трето последователно финале на ВТА 1.000, како и во своето трето последователно финале во Мадрид.

Таа ќе ја брка својата 20 титула во сабота против Коко Гоф, која претходно ја совлада Ига Швјонтек.

Ова беше петта победа на Сабаленка во шесте досегашни мечеви против Свитолина.

Финалето во Мадрид е закажано за в сабота од 18.30 часот. Тоа ќе биде 10 средба меѓу Сабаленка и Гоф, а Американката моментно води со 5:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот