Русковска: Јас посредував да се вештачи предметот „Империја“, не сум задоволна од Финасовата полиција

Фото: Слободен печат

Недозволиво е од Финансиска полиција минатата година да дојдат само 9 пријави за перење пари и ниту една од нив да не е сомнеж за организиран криминал и корупција или против високи функционери, вели обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК.

За веќе поведените истраги од висок јавен интерес, пак, кажува дека таа за „Скопје 2014“ конечно ќе биде реферирана денеска во Републичкото обвинителство. Досега има обвинето пратеници и судии и вели дека ако не фати во криминал и обвини функционери од извршната власт, себеси ќе се смета за не толку успешен обвинител за организиран криминал и корупција.

-Јас лично не сум задоволна од соработката со Финансиска полиција. Тоа го нагласив и кога го бранев Годишниот извештај за 2019 година пред Советот на јавни обвинители дека за цела 2019 година имаме само 9 предмети за перење пари , што е недозволиво во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Патем, сите предмети се во соработка со МВР-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Предметот „Империја“ беше пратен на вештачење, не сакам да кажам каде, сè уште е рано. Добивме писмо со кое одбија да го вештачат, па со мое посредство, прифатија. Малку и ја допрецизиравме наредбата за вештачење, денеска ќе ја пратиме повторно и ќе се почне со вештачењето. Што се однесува до истрагата за „Скопје 2014“, договорени сме со колегата денеска да биде рефериран во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, а за останатите предмети не дошле да се реферираат ни пред мене, ни во Републичкото обвинителство. Таков е договорот за овие специфични предмети за кои постои широк јавен интерес. Првo пред мене и евентуално пред колегиумот, па потоа во Републичкото, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот