Руското Министерство за правда: ЛГБТ движењето да се прогласи за екстремистичко

ЛГБТИ активисти во Русија / Фото: EPA/ANATOLY MALTSEV

Руското Министерство за правда поднесе барање до Врховниот суд да го прогласи ЛГБТ движењето како екстремистичко и да ги забрани неговите активности.

„Во рамките на својата јурисдикција, руското Министерство за правда поднесе административно-правно барање до Врховниот суд да го прогласи Меѓународното движење за правата на ЛГБТ лицата како екстремистичка организација и да ја забрани неговата активност во Русија“, се наведува на веб-страницата на руското Министерство.

Министерството наведува дека властите идентификувале „знаци и манифестации од екстремистичка природа“ во „активностите на ЛГБТ движењето“ во Русија, вклучително и „поттикнување социјален и верски раздор“.

Врховниот суд на Русија закажа рочиште за разгледување на барањето за 30 ноември, соопшти Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот