Руските железници профитираат од кризата во Црвеното Море

Франција железничка станица воз / Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Кризата во Северното Море го пренасочува карго транспортот од Азија во Европа преку копнени коридори низ руска територија. Руските железници, се чини, најмногу ќе профитираат од прекинот на поморскиот сообраќај низ Суецкиот канал, објави Политика рс.

Германскиот ДХЛ соопшти дека барањата за транспорт на стоки по рускиот железнички коридор се зголемени за околу 40 отсто откако контејнерските бродови почнаа да се движат по алтернативни рути околу Рогот на Африка во декември. „Реил Гејт“ објави дека побарувачката се зголемила за 25 до 35 отсто, додека „Реил Бриџ Карго“, со седиште во Холандија, наведува дека сообраќајот низ Русија е за 31 отсто поголем од лани.

Логистичките компании повторно ги разгледуваат маршрутите низ Русија по одлуката на повеќето големи контејнерски линии да ги насочуваат маршрутите од Азија до Европа кои поминуваа низ Суецкиот канал околу Ртот на Добра надеж. Прекинот на транспортот беше предизвикан од јеменските Хути поддржани од Иран кога започнаа масовни напади врз трговски бродови за поддршка на Палестинците во Појасот Газа.

Поради промената на рутата, времето за испорака меѓу Кина и Северна Европа се зголеми од седум или десет дена на околу 50 или дури 55 дена. ДХЛ рече дека времето на транзит по железница низ Русија од Ченгду, Кина до Дуизбург, Германија моментално се движи од 25 до 30 дена. Други даватели на логистика, вклучително и швајцарскиот Куен-Нагел и данскиот Maeрск, велат дека продолжиле да ги избегнуваат железничките линии низ Русија од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

Руските железници ја поседуваат широката железничка мрежа на Русија и управуваат со повеќето возови. Според условите на санкциите на ЕУ, постои речиси целосна забрана за движење на патен товар до и од Русија и Белорусија, а ограничен е и пристапот на руските железници до бројни финансиски услуги. Сепак, нема забрана за транспорт на стоки по руските железници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот