Руските власти на Крим ги продаваат украинските имоти, меѓу нив има еден на Зеленски

Крим / Фото: Arthur Lookyanov / Alamy / Alamy / Profimedia

Власта инсталирана од Русија на Крим објави дека планира да продаде околу 100 украински имоти, вклучително и еден што му припаѓа на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Владимир Константинов, претседателот на кримскиот парламент, изјави дека национализираните средства наскоро ќе бидат продадени и дека властите ги одржале првите осум аукции за имотот на украинските бизнисмени.

Договорите за продажба изнесуваат повеќе од 815 милиони рубљи (околу 8 милиони евра), напиша Константинов на апликацијата за пораки Телеграм.

Руските власти на Крим во февруари соопштија дека национализирале околу 500 имоти на Крим, вклучително и некои што им припаѓаат на високи украински политичари и бизнисмени. Крим, меѓународно признат како дел од Украина, е под контрола на Москва од 2014 година, кога Русија го анектираше полуостровот на Црното Море, осум години пред нејзината инвазија на остатокот од Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот