Руските стратешки нуклеарни сили вежбаат извршување на интензивен нуклеарен напад под водство на Путин

Путин / фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN / POOL

Вежбите на руските стратешки нуклеарни сили се одржуваат под команда на претседателот Владимир Путин. Извештајот го поднесоа министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов објавува РИА Новости.

Герасимов рече дека во вежбите на стратешките нуклеарни сили учествуваат мобилниот систем „Јарс“, нуклеарна подморница и два стратешки ракетни носачи.

Како што се наведува во соопштението на Кремљ, за време на вежбите, интерконтиненталната балистичка ракета Јарс била лансирана од космодромот Плесецк на полигонот Кура во Камчатка.

Дополнително, од атомската подморница „Тула“ била испукана и балистичката ракета „Сињева“.

Според министерот за одбрана Сергеј Шојгу, руските стратешки нуклеарни сили вежбале интензивен нуклеарен напад како одговор на нуклеарниот напад на противникот.

Вооружените сили на Русија ја проверија и обуката на воените командни тела, работните вештини на раководниот и оперативниот персонал. Задачите планирани за време на обуката беа целосно реализирани, објави РИА Новости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот