Руската рубља стана една од трите најслаби валути во светот

фото рубљи

Руската рубља продолжува да поевтинува и падна на некои од најниските нивоа од почетокот на војната во Украина. Стапката на доларот на Московската берза се искачи на 99 рубли, еврото – на 109 рубли. Ова се случи за прв пат од 25 март 2022 година, но падот е постојан тренд веќе шест месеци, ставајќи ја рубљата во првите 3 најслаби валути во светот. Само турската лира и аргентинскиот пезос поевтинија повеќе, пишува Блумберг.

Падот на рубљата ги налути дури и руските пропагандисти како Владимир Соловјов. Сепак, слабата рубља и помага на руската економија бидејќи ќе ја поттикне инфлацијата и ќе помогне да се пополни буџетот кој страда од 40 процентен колапс на приходите од нафта и гас. Сепак, очигледно нема простор за оптимизам, бидејќи дури и инвеститорите од т.н земјите пријателски на Русија почнаа да ги продаваат акциите на руските компании.

Според податоците на Централната банка на Русија, тие во јули продале руски акции за 10,4 милијарди рубљи, што е рекорд од почетокот на војната во Украина. Како резултат на тоа, странците од „пријателските“ земји располагаат со повеќе акции од сите други категории учесници на аукциите заедно. Главни купувачи се нефинансиските организации, кои со сопствени средства купиле хартии од вредност за 9,3 милијарди рубљи. Останатите се физички лица.

Руската економија моментално доживува „девизен глад“ бидејќи приходите од извоз се намалуваат, надворешната трговија се деградира до шеми за размена во рубљи, а одливот на капитал добива на интензитет, пишува „Москва тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот