Руската национална гарда соопшти дека се уште траат борбите меѓу руските и проукраинските сили во областа Курск

Борбите меѓу руските сили и проукраинските борци во руската област Курск што се граничи со Украина продолжија и денеска, соопшти руската национална гарда, додавајќи дека одбила „напад“ што дошол од украинска територија.

– Единиците на Росгардија учествуваат во акции за одбивање на напади на непријателските диверзантски групи во близина на градот Теткино во областа Курск, напиша Националната гарда на Телеграм.

Единиците кои доаѓаат од Украина и велат дека се составени од руски борци кои се против Кремљ, во вторникот почнаа да го напаѓаат тоа погранично село.

Единица руски доброволци кои се борат за Украина во вторникот соопштија дека ја презеле контролата врз руско село на украинската граница, како дел од вооружениот упад на руска територија. Руските сили тогаш соопштија дека нападот бил одбиен.

Бројот на напади со дронови денеска е зголемен и на други места во руската погранична област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот