Русите тврдат дека има еден мртов и тројца повредени во украински напад врз Белгород

Белгород / Фото EPA-EFE/STRINGER

Едно лице загина, а три се повредени во украинските напади врз рускиот пограничен регион Белгород, соопштија руските власти рано утринава, пренесе ДПА.

„Едно лице загина откако му бил погоден автомобилот, додека еден маж и две жени се повредени“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на Телеграм.

Во нападот се оштетени и неколку згради, додаде тој.

Руското Министерство за одбрана, претходно соопшти дека осум украински проектили биле соборени од противвоздушната одбрана при нивното приближување до Белгород.

Не беше можно првично да се проверат тврдењата, додава ДПА.

Првичните снимки кои кружат на социјалните мрежи не покажаа дали штетата е предизвикана од паѓање на остатоци или дали проектилите успеале да ги погодат своите цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот