Русите повторно се нудат да го организираат Евро 2021

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Зачестениот целосен карантин кој го воведоа и го воведуваат европските земји, можно е да донесе промена на организацијата на Европското првенство на кое за прв пат ќе игра и Македонија.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) на седницата на извршниот одбор која ќе се одржи наредниот месец, треба да донесе конечна одлука дали Европското првенство ќе се игра според првичниот план или ќе се оди на резервна опција.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, постојано потенцира дека желбата е Евро 2021 да се одржи како што е замислено, во 12 европски градови.
Но, епидемиолошката ситуација со коронавирусот им создава големи главоболки и поради тоа повторно се појави опцијата, Евро 2021 да се игра во една земја и тоа Русија.
Шефот на рускиот организациски одбор за Евро, Алексеј Сорокин вели дека Русија има најповолни епидемиолошки услови да го одржи ЕП. Санк-Петербург веќе е избран за домаќин на групата Б заедно со главниот град на Данска, Копенхаген, но предлогот на Сорокин е Русија да биде домаќин на целото ЕП.
– Имаме се штое е потребно за организација на ЕП, и стадиони и останата инфраструктура како и искуство од организацијата на Светското првенство 2018 година – вели Сорокин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот