Русија тврди дека целосно го пренасочува извозот на нафта во Азија

Александар Новак Фото: EPA

Русија речиси целосно го пренасочи извозот на нафта во Кина и Индија, со што доби приходи споредливи со 2021 година пред воведувањето на западните санкции, изјави денеска рускиот вицепремиер задолжен за енергетика Александар Новак.

Според него, Русија, која е погодена од бројни западни санкции поради офанзивата во Украина, особено на енергенсите, денес продава 45 до 50 отсто од нафтата на Кина и 40 отсто на Индија.

„Ако претходно ја снабдувавме Европа со 40 до 45 отсто од вкупниот обем на нашиот извоз на нафта и нафтени деривати, очекуваме дека таа бројка нема да надмине четири до пет отсто до крајот на оваа година“, рече Новак во интервју за руска телевизија.

Тој рече дека „рускиот енергетски и нафтен комплекс успешно се разви во 2023 година“, и покрај ограничувањата воведени од Западот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот