„Русија со недели го спроведува планот за ескалација, Путин сака да ги натера Западот и Киев да преговараат“

КИев напади EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Дождот од руски ракети што ги нападнаа украинските градови во понеделникот и заканата на Белорусија за Украина, нови моменти во руската агресија против Украина, ги поттикнуваат стравувањата од ширење на конфликтот по неодамнешниот напад на мостот Керч, кој му нанесе тежок политички удар на Кремљ.

Експлозијата на стратешкиот мост што ја поврзува Русија со полуостровот анектиран во 2014 година, „е лично понижување за Владимир Путин и дополнително ќе ги зголеми логистичките проблеми на руските сили на јужниот фронт“, во регионот Керсон, вели директорот на бугарскиот на истражувачкиот безбедносен институт од Софија Јордан Божилов

КИев ракети
EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Според него, повеќекратните напади во понеделникот, гледано пошироко, се „одговор на воениот неуспех на Русија во однос на воените операции“, откако украинските сили ослободија илјадници квадратни километри од крајот на август.

Путин, пак, „се обидува да изврши притисок врз украинското општество, но и врз западните земји за да не ги подели. Сака да покаже дека е подготвен на се“, додава Божилов, пренесува Јутарњи лист.

Меѓутоа, како што истакна Војчех Лоренц од полскиот институт за меѓународни односи, Русија „не е способна да извршува напади од таков размер секој ден неколку недели, бидејќи нејзините ресурси не се неограничени“.

Украина гранатирање/ Фото Фејсбук

Пукање од Белорусија

Вилијам Алберк, воен експерт од Меѓународниот институт за стратешки студии во Лондон, смета дека Москва всушност почнала да го спроведува планот за ескалација пред неколку недели.

„Русија започна циклус на удари и максимално насилство што започна со делумна мобилизација (во Русија) и анексија (на четири украински региони), продолжи со нуклеарни закани и денешните случајни напади врз цивили“, рече експертот, оценувајќи дека „Путин сака да се подигне нивото на насилство за да се принудат Западот и Киев да преговараат“.

Се поставува и прашањето дали експлозијата на мостот Керч била само изговор за претходно планираните ракетни напади.

Украинскиот амбасадор во Париз, Вадим Омелченко, вели дека „денешниот напад, според информациите на украинската разузнавачка служба, бил планиран на почетокот на октомври. На 8 октомври седум руски стратешки бомбардери, Тупољев 160 и Ту 95 опремени со проектили, беа преместени на аеродромот Оленија. Бродови опремени со ракети „Калибр“ се распоредени во Црното Море „од каде Русија во понеделникот ја нападна Украина“, рече тој.

Фото Твитер принтскрин

Друг знак за ескалација е тоа што белорускиот претседател Александар Лукашенко во понеделникот ја обвини Украина дека подготвува напад врз неговата земја и најави дека Минск поради тоа ќе распореди руско-белоруска група, но не кажа каде.

Белорусија, сојузникот на Москва, ѝ ја отстапи својата територија на руската армија за офанзивата против Украина, но сè уште не учествувала воено во конфликтот.

„Последниве неколку часа Украина беше цел на наведувани ракети од територијата на Белорусија. Ова се првите удари од белоруска почва на Киев од крајот на март“, изјави за АФП Пјер Грасер, француски истражувач и соработник во парискиот институт Сирис.

Украина пожар/ Фото EPA-EFE/SERGEY KOZLOV

Ирански беспилотни летала беа истрелани од Белорусија, велат од Киев. Минатата недела руски транспортни авиони донесоа пратки од Иран во базата Лунинец, 300 километри од Киев, рече Грасер.

„Рускиот газда врши притисок врз Лукашенка“, коментираше во понеделникот украинскиот амбасадор. „Не сакаме да одиме надвор од нашата територија. Но, не ја исклучуваме можноста Минск и Русија да отворат фронт на север“.

Русија во понеделникот истрела крстаречки ракети врз украинските градови во застрашувачки напади, убивајќи цивили и прекинаа снабдувањето со електрична енергија и греење, во најраспространетите воздушни напади од почетокот на војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот