Русија постигна договор со Huawei за развој на 5G технологија

Huawei потпиша договор со руската компанија за телекомуникации MTS да ja развие 5G технологија во Русија.

Компаниите ќе развиваат мрежи од следната генерација 5G во Русија во текот на следната година, се вели во извештаите.

Договорот беше договорен кога кинескиот претседател Си Џинпинг ја започна тридневната посета на Русија.

Овој договор доаѓа, откако некои од западните земји, предводени од САД, ја блокираа кинеската фирма поради загриженоста дека претставува ризик за национална безбедност.

Договорот ќе го види „развојот на 5G технологијата и пилот-лансирањето на мрежите на петтата генерација во 2019 и 2020 година“, се вели во соопштението на MTS.

Овој чекор, најверојатно, ќе даде одредено олеснување на Huawei, која беше под интензивен меѓународен надзор во последниве месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот