Русија обвинува: Од украинско гранатирање запален резервоар со гориво во Белгород

Белгород гранатирање/ Фото Taisia Liskovets / Sputnik / Profimedia

Резервоар за гориво во руската област Белгород, на границата со Украина, се запалил по денешното украинско гранатирање, изјави гувернерот на покраината Вјачеслав Гладков..

Руските погранични региони ја обвинуваат Украина за гаѓање на цели на нивна територија, како што се далноводи и резервоари за гориво, откако Москва ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари.

Киев не го коментираше случајот.

-Имаме уште едно гранатирање. Една од гранатите погоди нафтен терминал во областа Белгород. Службите за итни случаи веќе се борат со пожарот. Нема опасност огнот да се прошири”, објави гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков на социјалните мрежи заедно со фотографии од пламенот и црниот чад.

Локалните служби за итни случаи соопштија дека една од 10-те цистерни со преостанатото дизел гориво се запалила, пренесе Тасс.

Гладков подоцна изјави дека пожарот е изгаснат.

Руските власти пред два дена изјавија дека украинските гранати уништиле складиште за муниција и погодиле училиште, станбена зграда и трафостаница во регионот Белгород.

Гладков додаде дека неколку дена по ред била гранатирана и царинарницата, на која денеска паднале 14 гранати, но во нападите нема повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот