Русија: Министерството за правда бара затворање на Московската Хелсиншка група

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Руското Министерство за правда поднесе тужба, барајќи затворање на Московската Хелсиншка група, една од најстарите руски организации за човекови права, беше денеска објавено на веб-страната на московскиот суд.

Групата, која објавува годишен извештај за состојбата со човековите права во Русија, во соопштение за печатот извести и за иницираното барање за распуштање и забрана за активности на територијата на Русија.

Се уште не е познато врз која основа властите сакаат да го затворат, но порталот Новаја Газета објави дека потегот е резултат на ненајавена проверка на активностите на организацијата нарачана од државните правобранители.

Според соопштение, невладината организација била обвинета дека извршувала активности надвор од московскиот регион, со што го нарушува нејзиниот регионален статус, особено испраќање набљудувачи на судења или нејзини членови на настани во други делови на земјата.

Барањето е поднесено денеска и се испитува, потврди портпаролката на градскиот суд во Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот