Русија ја повика Турција да покаже воздржаност во Сирија

Војници Сирија
Сирија војници/ Фото Архива на СП

Русија ја повикува Турција да покаже воздржаност и да спречи понатамошна ескалација во Сирија, изјави денеска на прес-конференција претставникот на рускиот претседател за Сирија, Александар Лаврентиев.

– Ги повикуваме нашите турски колеги да покажат одредена воздржаност за да се спречи ескалација на тензиите, не само во северниот и североисточниот дел на Сирија, туку и во целата земја. Сметаме дека треба да продолжиме да работиме со сите заинтересирани страни и да се обидеме да најдеме вистински решенија, вклучително и за така нареченото курдско прашање, истакна Лаврентиев.

Тој потсети дека поради неодамнешниот терористички напад во центарот на Истанбул, во кој загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа повредени, Турција започна воздушна операција наречена „Канџа-меч”.

Осомничените за овој напад во Истанбул признаа дека се поврзани со Курдиската работничка партија (ПКК), чии активности се забранети во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот