Русија ja блокираше интернет-страницата на „Хјуман рајтс воч”

Фото: Aрхива

Од денеска во интенрет просторот во Русија е недостапна интернет-страницата на невладината организација „Хјуман рајтс воч” (ХРВ). Оваа акција на руските власти доаѓа на барање на Државното обвинителство на Русија и одлуката на Министерството за правда.

Руското Министерство за правда на 8 април го отстрани ХРВ од списокот на претставници на меѓународни невладини организации поради „прекршување на законот”, како и „Амнести интернешенел”, која еден ден подоцна објави дека сепак ќе продолжи да работи во Русија.

ХРВ во соопштението наведе дека во Русија работи 30 години, а одлуката на Министерството за правда ја оцени како „нова железна завеса” и долгорочна намера на руската Влада да ги задуши критичките гласови во Русија.

Руското Министерство за правда отстрани 15 организации од списокот на претставници на меѓународни организации и регистрирани невладини организации, со образложение дека тие „го прекршиле рускиот закон”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот