Русија испрати околу 300 воени полицајци во Сирија

Фото: Миа

Русија испрати уште 300 воени полицајци од Чеченија во Сирија за „извршување на посебни задачи во зоната од 30 километри на сириско-турската граница, објави денеска руското Министерство за одбрана.

– Околу 300 воени полицајци од вооружените сили на Руската Федерација стационирани во Чеченската Република пристигнаа во Сирија да извршуваат посебни задачи, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Воените полицајци ја заминаа од Русија од аеродромот во Северна Осетија. Нивната задача ќе биде да патролираат во реонот на сириско-турската граница и да помогнат при повлекувањето на Курдите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот