Русија го презема едногодишното ротирачко претседавање со проширениот БРИКС

Путин и Сји на самитот на БРИКС во 2019 година - Фотографија ЕПА, Павел Головкин

Пет нови членки – Египет, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Етиопија – денеска формално стануваат полноправни членки на групата БРИКС и почнуваат заедничка работа под претседателство на Русија, која го презема од Јужна Африка.

Аргентина требаше да стане шестата нова членка на оваа асоцијација, но на 29 декември, новиот аргентински претседател Хавиер Милај официјално ги информираше членките на БРИКС дека неговата земја ќе ја одбие поканата за членство во групата упатена по самитот во Јоханесбург во август 2023 година.

Како што претходно изјави рускиот претседател Владимир Путин, Москва ќе стори сè за време на своето едногодишно претседателство за да можат петте нови членки на БРИКС „хармонично да се интегрираат во начинот на кој функционира организацијата“.

Додека се подготвуваше да го преземе претседателството со БРИКС од Преторија, Москва постојано истакнуваше дека ќе продолжи на курсот за проширување на глобалното влијание на групата.

Меѓу приоритетите на Москва ќе биде создавање на заеднички механизам за порамнување на трговијата во рамките на економиите на БРИКС

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот